Интер фаворит против Севилја, а Лукаку напаѓа рекорд на Бразилецот Роналдо

Во финалето од фудбалската Лига Европа, вечерва (21 ч.) ќе се сретнат екипите на Интер и Севилја.

Севилја е позната како неприкосновен владетел на ова  второ по ранг европско клупско натпреаврување со пет титули, но Интер според букмејкерите е фаворит околу исходот на вечерашната пресметка.

Во фокусот на спортската јавност на овој натпревар ќе биде Ромелу Лукаку кој зад себе остава неверојатна дебитантска сезона во дресот на Интер. Белгиецот со вкупно 33 голови го брка рекордот на легендарниот Бразилец, Роналдо кој пред 22 години во својата деби сезона во дресот на Интер постигна 34 погодоци.

Интересно е што тогаш Интер го освои Купот на УЕФА, а Роналдо 34. погодок го постигна токму на финалниот натпревар против Лацио.

Навивачите на Интер не би имале ништо против да се повтори истото сценарио од сезоната 1997/98 кога „нероазурите“ ја освоија титулата во второто по ранг натпреварување во Европа.

Треба да знаете
Последни објави