Уругвајскиот фудбалски интеранционалец Единсон Кавани ќе добие 10 милиони евра по сезона од португалскиот гигант Бенфика. Напаѓачот Кавани се очекува да потпише 3-годишен договор в понеделник со Бенфика. Уругваецот е слободен играч од 1 јули, кога му заврши договорот со ПСЖ.
– Бенфика е одличен клуб и тимот е секогаш конкурентен. Ќе имам среќа ако одам таму, прокоментира Кавани пред неколку дена.