Барселона ја потврди информацијата дека штабот на новиот тренер Роналд Коман ги вклучува Хенрик Ларсон и Алфред Шредер. Швеѓанецот е познат на сите фудбалски фанови, додека Шредер е релативно непознато име.
Холанѓанецот ќе биде првиот асистент, а Ларсон главно ќе се занимава со развој на напаѓачите со идеја да помогне во растот на Ансу Фати и Тринкао. Ларсон (48) има тренерско искуство во Шведска, каде што работел во различни тимови изминативе десет години.
Шредер го водеше Хофенхајм минатата сезона, но замина по недоразбирање со раководството, и покрај тоа што тимот настапи многу силно во Бундеслигата и на крајот се квалификуваше во Лигата на Европа. Пред тоа, Шредер беше помошник тренер во Ајакс, а со него Амстердам беа на еден чекор од квалификациите за финалето во Лигата на шампионите.
И двајцата асистенти на Куман потпишале двегодишни договори.