Леклер: Задоволен сум од настапите во досегашниот дел од сезоната

Возачот на Ферари, Шарл Леклер изјави дека е задоволен од неговите настапи во сезоната 2020, и покрај тешкиот старт за тимот.

– Не мислам дека станав подобар во квалификациите. Барем, се обидувам да го подобрам овој дел. Во најголем дел, трките се добри за мене, затоа сум среќен за тоа како оди оваа сезона. Во основа, јас го подобрив управувањето со гумите во однос на минатата година. На крајот на минатата година, искрено си признав дека работата со пневматиците е мојата најслаба точка. На почетокот на годината, работев многу на овој аспект за време на зимските тестови и успеав да направам навистина голем чекор напред, изјави Леклер за „Planet F1″.

По шест фази од Формула 1, Леклер има 45 бода, и го зазема 4. место во Генералниот поредок за возачи.

Треба да знаете
Последни објави