Ова е денот кога почнува мафијата да добива нова влада, и мафијата да добива нова држава, кажа Владо Мисајловски во својот прв говор во Собранието.
Тој праша дали зад владиниот предлог стои Заев или Али Ахмети? Прашувајќи дали оваа влада се предлага од оној Заев кој тврдеше дека ДУИ со популистичка кампања ќе оди во опозиција, оној Заев кој вели дека ДУИ пет пари не вреди. Но потсети и на ставовите на Мухамед Зекири кој тврдеше дека ДУИ е канцер и рак на општеството.
Мисајловски констатира дека коалицијата СДСМ – ДУИ ги спојуваат парите и моќта.
„Граѓаните треба многу добро да знаат дека се што говори оваа таканаречена нова влада, се ќе излаже. Тоа го правеа изминативе три години, тоа ќе го прави и постојано во иднина.“ рече Мисајловски. Надоврзувајќи се со пример при што го спомна објектот кај Мавровка кој според власта не се знае кој го гради, а општината не може да го сруши, затоа што сите заедно се во тендер коалиција и сите заедно сакаат да останат само што подолго, поради власт, моќ и пари.
„ Се она што го ветувавте и го излажавте во кампањата, а сега ќе имаме можност да слушаме и многу повеќе работи, кои сигурно повторно ќе бидат измама. Затоа господине Талат Џафери нема да ја добиете поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. “ кажа Мисајловски.
Тој заклучи дека власта нема да се бори за подоброто на граѓаните, за поголеми плати и пензии, туку само ќе се бори како да си ги зачува своите ресори. Но и дека тој и сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат за граѓаните и за многу нови проекти преку парламентот.