Научници погледнаа во внатрешноста на три мумифицирани животни

Со помош на 3-Д скен со висока резолуција, научници „ѕирнаа” што има внатре во три мумии на древноегипетска мачка, птица и змија.

Древните Египќани мумифицирале не само човечки остатоци, туку и животни, вклучувајќи тука мачки, кучиња, птици, змии и крокодили, во период од над 1.000 години, почнувајќи од 700 година п.н.е. Во овие три случаи, се работи за обредно жртвување на животните.

Керолин Грејвс-Браун, куратор на Египетскиот центар при Универзитетот Свонси во Велика Британија, смета дека на овој начин ќе се дознае многу повеќе за мумиите отколку со досегашното „отворање на устата”.

– Како и ние, и древите Египќани употребувале и злоупотребувале животни. Има сѐ повеќе докази од остатоци од мумиите што укажуваат на малтретирање, смета Грејвс-Браун.

Така, на пр., змијата – младенче од египетска кобра била жртвувана така што не ѝ се давало вода, имајќи ги предвид калцифицираните бубрези. Мачето, исто така, било петмесечно младенче.

За птицата е утврдено дека е евроазиски сокол.

Во древен Египет, змиите биле поврзувани со повеќе богови. Мачките честопати биле отелотворение на божицата на плодноста – Бастет, а пак, птиците биле поврзувани со небесните богови.

Треба да знаете
Последни објави