На граѓаните од Мелбурн им е доста од карантинот, се закануваат со огромен протест

Граѓаните од Мелбурн на кои веќе им е доста од мерките за ограничување што ги наметна австралиската држава Викторија, поради што градот е во карантин, планираат да излезат на улиците во знак на протест против овие владини одлуки.

Околу 11.000 луѓе најавија дека ќе учествуваат на протестот „Ден на слободата“, кој е закажан за сабота, на 5 септември. Протестот нема да се одржи само во случај на објава дека се укинуваат мерките, пишува „Дејли Мејл“.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека мерките од 4. степен треба да завршат на 13 септември, но тој исто така неколку пати спомена дека истите може да бидат продолжени, во зависност од епидемиолошката состојба.

Организаторите на протестите првично планираа да ги стопираат подготовките за неговото одржување бидејќи, наводно, стравувале од апсења и опструкции од страна на властите.

Иако во прашање е мирен протест, многу граѓани стравуваат дека може да падне „крв на улиците“.

„Доволно е само некој да фрли камен на столб пред парламентот и сè може да отиде по ѓаволите. Така било со Еурека Стокејд“, смета еден граѓанин во Мелбурн.

Еурека Стокејд е бунт од 1854 година, во кој локалните рудари се побуниле против колонијалната влада на Велика Британија.

Oд локалната полиција за „Дејли Меил Австралија“ потврдиле дека се свесни за плановите за протести и соопштиле дека нема да се колебаат да го спроведат законот за вонредни состојби, доколку се укаже потреба за тоа.

Треба да знаете
Последни објави