Збигњев Рау е нов шеф на полската дипломатија, а Адам Њеџиелски, економист и директор на Националниот здравствен фонд, е нов министер за здравство, соопшти премиерот Матеуш Моравјецки, откако нивните претходници неделава си поднесоа оставки, јавија британските медиуми.
До промени во полската Влада доаѓа во важно време и за двата ресора бидејќи Полска се справува со се поголем број случаи на коронавирус и се обидува да ја охрабри ЕУ да заземе поактивен дипломатски став кон Белорусија, каде избувнаа масовни протести по претседателските избори.
Поранешниот министер за надворешни работи Јацек Чапутович вчера поднесе оставка, а министерот за здравство Лукас Шумовски ја напушти функцијата два дена порано.