Вечерва (21 ч.) во Келн ќе се одигра финалниот меч од второто по ранг клупско европско фудбалско натпреаврување Лига Европа во кое ќе се соочат специјалистото за освојување на ова натпреаврување шпанската Севилја и италјанскиот Интер, кој една декада незнае за евро-трофеј. Севилја по шести пат стигна до финалето на Лигата на Европа. Шпанскиот тим е петкратен победник во ЛЕ/Куп на УЕФА (2006, 2007, 2014, 2015 и 2016) и најтрофеен тим во ова натпреварување.
Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги изрази оптимизам пред вечерашното финалето со италијанскиот Интер. Го фали противникот, но рече дека целта на неговиот тим е да се врати во Шпанија со трофејот.
– Интер има добро избалансиран тим. Тие можат да напаѓаат на различни начини и да бидат добри во одбраната, давајќи им на противниците само малку шанси. Ние ќе му пристапиме на овој меч како и секој друг. Излегуваме со почит кон противникот, но целта ни е да ја освоиме Лигата на Европа. За да го постигнеме тоа, ние мора да бидеме смирени и да ја задржиме ладнокрвноста, рече Лопетеги.