Дејвид и Викторија Бекам летово го поминаа во Грција заедно со нивните родители, пишуваат светските медиуми.
Викторија ги објави фотографиите од одморот на социјалните мрежи.
На едната фотографија поранешниот фудбалер е заедно со родителите на Викторија, Џеки и Тони Адамс, а потоа се фотографираше и со неговата мајка Сандра.
„Ве сакаме многу“, напиша поранешната пејачка од групата „Спајс грлс“.
Медиумите пренесуваат дека Дејвид Бекам е премногу врзан за неговата мајка Сандра. Тој претходно на социјалните мрежи ѝ го честиташе 70. роденден. Го прославија со семејна вечера и торта. Мајка му на Бекам се разведе од татко му Тед во 2002 година.
Преземено од Репортер