Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа стана мајка по вторпат, пишува репортер.мк
Имено, пејачката се породила пред речиси еден месец поточно на 27 јули и на свет донесе здраво момче за кое го одбра името Дарин.
Бебето се родило 52 сантиметри, а тежело 3.890 грама.„Дома сме речиси еден месец. Дарин го родив на 27 јули. Напредува одлично. Мирно бебе е, спие многу повеќе и од Дона кога беше бебе, па и јас можам да се наспијам“ вели Бурче за репортер.мк
Инаку, Јана и нејзиниот сопруг Александар веќе имаа едно дете, односно ќерката Дона која наскоро ќе наполни три години.
Потсетуваме, во 2017 година, Бурче ја претставуваше Македонија на „Евровизија“, а тогаш во најавата за нејзиното претставување откри дека е бремена со Дона, а подоцна во зелената соба, нејзиниот сега сопруг Александар пред милионската публика ја побара за сопруга.