Албанците се иселуваат, доаѓаат азилантите

Официјалната статистика потврдува дека продолжува намалувањето на бројот на населението во Албанија, како резултат на високата миграција и намалениот наталитет. Наспроти тоа се забележува значително зголемување на бројот на баратели на азил во оваа земја.

– Во 2019 година, доставени се 6.557 барања за азил, што претставува зголемување за 49,5 отсто споредено со претходната година. Дури 62,4 отсто од барателите на азил се од Ирак и од Сирија, 2.408 односно 1.682 апликанти. Другите се од Мароко, Алжир, Пакистан и Авганистан, јави телевизијата „Ора њуз”.

Според статистикатам албанската држава била дарежлива и кон давањето државјанства. Во 2019 година, 485 лица добиле пасоши, бројка што е за 40,6 отсто поголема во однос на 2018 година.

– Од друга страна, голем број Албанци ја напуштиле земјата и се откажале од државјанството. Лани 741 лице претпочитало да не го поседува документот што го идентификува со својата татковина, наведува телевизијата.

Ваквите бројки се алармантни, а меѓународните организации најавуваат дека албанското население во наредните 10 години ќе биде значително намалено.

Треба да знаете
Последни објави