Американски научници: Јодот помага во борбата против коронавирусот

Научници од САД откриле дека јодот може значително да помогне кога станува збор за борбата со  коронавирусот. Јодот е супстанција која најмногу се наоѓа во алги, готварска сол и морска риба.

Главниот истражувач на компанијата SAIC, д-р Гери Ворен, во својот труд објавен во публикацијата Research Gate, објасни дека максималните препорачани дневни дози на јод доведуваат до смрт на клетките заразени со коронавирус. Според Ворен, ова исто така го спречува ширењето на вирусот.

Препорачаната дневна доза на јод во организмот е од 1,5 до 2,4 мг по човек, а количината варира со телесната тежина. Тој истакна дека колку повеќе луѓе консумираат голема количина на јод, можноста за пренесување на коронавирусот значително може да се намали. А со тоа и смртноста би се намалила.

Интересно е што некои земји (како Виетнам, Тајланд или Филипини) веќе започнале со употреба на јод, со цел дополнително да ги заштитат медицинските лица кои се борат против Ковид-19. Се разбира, ова е само додаток на задолжителната заштитна опрема, односно маски, нараквици, скафандери, итн.

Треба да знаете
Последни објави