Порталот на албански јазик „Лајм ТВ“ објави фотографија од средба на поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков со Артан Груби од ДУИ кој е кандидиран за вицепремиер и министер за политички систем. Порталот не наведува од кога е фотографијата.
По нејзиното објавување порталот пренесува изјави дека Мијалков ја потврдил автентичноста на фотографијата, но рекол дека е стара неколку години.
Порталот објави и видео, снимено од „News33.tv“, за кое се тврди дека е денешно и на кое на излегување од „Мериот“ го прашуваат Груби дали се сретнал со Мијалков, на што тој одговара дека се видел со сопартиецот Фатмир Дехари.
blob:https://www.facebook.com/762e9783-e268-4b1b-b774-7eb96168d89c