Портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин изјави дека Хрватска е на црвената листа кај Словенија, во контекст на коронавирусот, но дека ќе има посебен статус, како да е на жолтата листа.
– Хрватска е црвена, но бидејќи е директен сосед на нашата земја, има посебен статус. Затоа е сè договорено во врска со режимот на преминување, значењето на транзитот, дневните миграции на вработените од обете страни на границата, неделните миграции, студенти кои секој ден на секој начин заминуваат и се враќаат на училиште. Сето ова е договорено, всушност, Хрватска има статус како да е на жолта листа, рече Кацин.
Тој потврди дека словенечката Влада размислувала за можноста да стават само одредени региони во Хрватска на црвениот список. – Но, во Хрватска ситуацијата со коронавирусот се влошува толку брзо што едноставно веќе не знам дали има смисла и дали е можно, истакна Кацин.