Бројот на новоинфицираните лица со коронавирусот во Хрватска од ден на ден урива рекорди. Но, членот на владиониот научен тим Гордан Лауц смета дека овој тренд и не е така лош.
Хрватскиот научник Лауц предупредува дека треба да се имаат на ум две работи. Едната е дека колку поголем број на луѓе се инфицираат, толку повеќе меѓу населението ќе има имунитет, додека втората работа е во тоа што вирусот преку летниот период е многу послаб и затоа подобро е сега да се преброди оваа здравствена непогода.
-Овој вирус брзо се шири и ќе бидат инфицирани голем број на лица – изјави Лауц.
Зборувајќи на темата „два“ кронавируси хрватскиот научник порачува дека го загрижува доаѓањето на зимата.
-Ние немаме многу заболени. Мал е бројот на луѓе приклучени на респираторни машини. Во овој момент оние кои ја губат битката се тешко болни. Имаме мал број на луѓе кои умираат од коронавирусот. Но, сметам дека во зимскиот период нема да биде вака. Вирусот на лето е слаб. Цела Европа сега има зголемен број на случаји, но не и хоспитализирани. Луѓете не умираат како на почетокот на пандемијата во зимските месеци – вели Лауц.
Во својот појаснување како делуваат двата коронавируси во лето и зима Лауц вели:
-Летно време вирусот е слаб и многу луѓе имаат благи симптоми. Зимно време е убиствен, ја напаѓа плуќата. Не може да се поистоветува со овој вирус кој сега се шири меѓу луѓето. Тешката форма на инфицираност се враќа кон крајот на октомври и не треба да се игнорира. Не смееме да го чекаме тој период неодговорно и тогаш да почнеме да преземаме мерки и да бидеме одговорни – предупредил Лауц.