Седум нови пратеници ќе седнат во собраниските столчиња откако стана јасно дека дел од пратениците на СДСМ ќе преминат во извршната власт. Така, на листата како пратеници во Собрание ќе дојдат заменик- министерката за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска, Мирослав Богдановски, Снежана Калевска Ванчевска, Зекир Рамчиловиќ, Мухамед Кадриов, Драгица Ѓавочанова и Горан Козаров.
Мирослав Богдановски седнува на местото кое беше резервирано за Никола Димитров како дел од пратеничката листа во првата изборна единица, а во столчето наменето за Мила Царовска ќе седне Снежана Калевска Ванчевска.
Славјанка Петровска од втората изборна единица доаѓа како пратеник во новата влада на местото на Оливер Спасовски.
Љупчо Николовски кој беше носител на ИЕ3 го замени пратенчкото место со Вицепремиерско за борба против криминал и корупција. Неговото место го завзема Зекир Рамчиловиќ, а на место Јагода Шахпаска ќе седи Мухамед Кадриов.
На местото на Зоран Заев од четвртатат изборна единица доаѓа Драгица Ѓавочанова, а местото на Радмила Шекеринска во петката ќе го земе Горан Козаров.