Со СДСМ платите растат побрзо, за само три години просечната плата порасна за над 4.000 денари

Вистинските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои се во насока исклучиво во интерес на граѓаните и државата се потврдуваат во континуитет. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари.  Тоа е за 4.059 денари повеќе во однос на јуни 2017 кога таа изнесувала 22.808 денари.
И денес, во време на светска криза, трендот на раст на платите не престана, туку напротив продолжи со раст, благодарение на ефикасните и навремени економски антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ.
Споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога оваа партија беше на власт во периодот од три години (јуни 2014-јуни 2017), просечната плата бележеше зголемување за само  1.575 денари, односно, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014, изнесувала 21.233 денари.
СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат. Платите ќе растат уште повеќе за уште подобар животен стандард на сите.
Во следниот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и подобро за граѓаните, за државата.
Треба да знаете
Последни објави