Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, го спомна раѓањето на внукот на предложениот собраниски спикер, Талат Џафери, настан кој се случи кога требаше да биде свикана конститутивната седница во собраниската сала, продолжи дебатата дали на 13 август била свикана седница или се правеле само подготовки.
Сегашната пратеничка од опозицијата, професорката Гордана Силјановска, дофрлаше од место, а Џафери ѝ порача дека раѓањето на неговиот внук не е причина за откажување на седницата.
-Професорке, ова не е испитна сесија, не се свикува со пораки, ова е седница и се свикува со акт. На 13 август не беше свикана седница, туку имаше најава за подготовка за можна седница, рече Џафери.