Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од собраниската говорница соопшти дека неговите колеги пратеници нема да гласаат за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Мицевски, кој беше координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ од претходниот состав, рече дека во изминатиот период Деловникот бил постојано прекршуван и обвини дека 40 отсто од законите биле носени по скратена постапка со што била оневозможена дебата. Според Мицевски, Џафери неуспешно го менаџирал целиот процес и токму затоа нема да гласаат по предлогот тој да биде избран за претседател на Собранието.