Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, не е задоволен од напредокот во преговорите со британската страна.
-Ние се движиме наназад наместо напред, кратко изјави Барние по последната рунда разговори и изрази разочарување, јави Скај њуз.
Европските преговарачи ги обвинија британските колеги дека не покажале добра волја за постигнување компромис, а главниот преговарач на Велика Британија, лорд Дејвид Фрост, рече дека разговорите во Брисел се „корисни”, но без напредок.
-Договорот е се уште можен и тоа е нашата цел, но јасно е дека до него нема лесно да се дојде, рече лордот Фрост.
Следната рунда од преговорите е закажана за 7 септември во Лондон.