Во Србија евидентирани 169 новозарзени од коронавирусот и тројца починати

Србија денеска има регистрирано 169 новозаразени лица со коронавирусот од направени 11.618 тестирања. Три лица починале од коронавирусот.

Според најновите податоци од Министерство за здравство 52 пациенти се на респиратори во болниците низ целата земја, исто како и вчера.

Епидемиолог др. Предраг Кон рече утрово дека епидемиолошката состојба во Србија е сè уште неизвесна, и затоа е потребно внимателно да се пристапи кон олеснување на мерките со претпазливост, особено пред почетокот на учебната година.

Сепак, исполнети се условите за олеснување на некои мерки. Српскиот кризен штаб денеска донесе одлука кината и театрите да започнат со работа од понеделник, а ќе бидат дозволени посети на домовите на стари лица, притоа почитувајќи ги епидемиолошките мерки.

Треба да знаете
Последни објави