Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити за Плусинфо потврдил дека тој нема аспирации за фотелјата на прв вицепремиер и министер за политички систем. Меџити не открива кој од предложените министри му е трн во око, поради што го условува гласањето за новата влада.
– Не барам да бидам вицепремиер, не барам за мене – ни одговори Меџити.