Општина Центар соопшти дека по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, кои се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот изечена му е мандатна казна во висина од 6.000 евра во денарска противредност.
-Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна. Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава.
Општина Центар укажува дека ќе продолжи со санкционирање на локалите кои нема да го почитуваат Законот“, се вели во соопштението од општинската управа.