Неделава на интернет се појавија сателитски снимки, кои се чини дека прикажуваат кинеска подморница што се приближува кон подземна база на островот Хајнан во Јужното Кинеско Море.
Сателитските снимки на американската компанија „Лабс“ покажуваат како подморница од видот 093 влегува во тунел што води кон подземното пристаниште на поморската база Јулин, пишува Си-ен-ен.
Chinese submarine seen entering underground base in satellite photo https://t.co/GHMRlsac9X
— MSN (@MSN) August 21, 2020
Дру Томпсон, поранешен службеник во Министерството за одбрана на САД, кој сега работи на Националниот универзитет во Сингапур, вели дека е многу тешко да се направат вакви фотографии.
„Комерцијалниот сателит морал да биде на вистинско место, во вистинско време и тоа на исклучително ведар ден“, истакна тој, додавајќи дека Кинезите имаат огромно искуство во градење подземни објекти.
Корисниците на „Твитер“ веднаш ги споредија овие снимки со филмовите за Џејмс Бонд или „Наутилус“, подморницата опишана во романот на Жил Верн, „Дваесет илјади милји под морето“.