Секс-колумнистка: Мажот што гледа други жени, не изневерува

Американскиот сексолог и колумнистка Надја Бокоди смета дека налагањето правила на партнерот може да доведе до пропаст на врската.

Таа за „Дејли мејл” раскажува дека кога се омажила пред десет години, имало јасни правила како треба да се однесува нејзиниот сопруг. Не ги искажала гласно, но контролирала сè што тој прави, и некако – бракот не траел долго.

Според неа, преминувањето на одредени граници и обидот да се контролира партнерот ги уништува односите.

– Навикнати сме да веруваме дека вистинската љубов значи да гледате во само една личност. Гледањето порнофилмови или стриптиз не значи помалку љубов… Имено, вљубувањето никого не го прави асексуална личност, иако е природно да се чувствувате љубоморни кога партнерот гледа во друга привлечна личност. Тоа не значи дека секогаш треба да реагирате, вели Бокоди.

Говорејќи за личното искуство, таа открива дека нејзината врска денес повеќе не се гради врз претпоставка за недоверба.

– Моето момче сега не бара моја дозвола за да оди во стриптиз-клуб или да гледа порнофилмови, а јас не го проверувам неговиот мобилен телефон. Можеби тоа и не му е толку интересно нему. Помалку е веројатно дека вашиот партнер ќе ве изневери ако дозволувате да гледа други жени или пак, му давате можност за тоа. Штом му дадете целосна слобода, неверството едноставно не е веќе интересно, објаснува Бокоди.

Треба да знаете
Последни објави