(Фото) Без маски и дистанца и на Велешко езеро

Минимално растојание во ресторани, полни игротеки со деца, преполни плажи покрај езеро, на паркиралиштата се бара место плус. Ова е сликата која репортерите на 24 Инфо ја забележаа последниве неколку викенди на езерото „Младост“.

По Охрид, Струга и Дојран, популарното Велешко езеро стана ново прибежиште на Скопјани. Дел од нив уште во раните утрински часови нашле место под сенките покрај патот, а дел со однапред направени резервации уживаат во рестораните и покрај базените во хотелите. Но има и такви кои чекаат на паркинзите да се ослободи маса и да седнат на ручек.

Навидум ништо невообичаено и чудно, но ако беа други времиња. Но во време на пандемија која треба да се почитуваат мерки, да се носат маски сликата е многу невообичаена. Многу мал број од посетителите на езерото носат маски, а келнерите се посебна приказна. Маските се под брадата или на ракавот наместо на лицето, а на гостите таквата слика воопшто не им пречи. Но доколку продолжи ваквиот однос на посетителите, Велес може да стане нов потенцијален кластер на корона вирусот.

Ги прашавме посетителите како се задоволни од целокупната приказна која ја нуди овој локалитет?

За дел се е вообичаено, никој не ги опоменал дека треба да носат маски, за други нема пандемија. За волја на вистината имаше и такви кои негодуваа за неносењето маски.

Во моментов Велес има 27 активни случаи на ковид 19. Само во текот на вчерашниот ден има тројца новозаболени. Вкупниот број на заболени до сега е нешто поал од 300 пацинети. Но доколку продолжи ваквиот однос на посетителите, Велес може да стане нов потенцијален кластер на корона.

Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-11, Штип-11, Струга-37, Велес-3, Битола-6, Охрид-13, Кавадарци-11, Гостивар-1, Демир Хисар-3, Виница-4, Кичево-5, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.888.

(В.А.)

 

Треба да знаете
Последни објави