СЗО се надеваа дека на пандемијата предизвикана од коронавирусот ќе и биде ставен крај за две години

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус изјави денеска дека се надева оти битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот ќе заврши за две години.

-Пандемијата на шпанскиот грип во 1918 траела две години. Сегашната ситуација е поинаква. Со развојот на технологијата и поголемата поврзаност меѓу луѓето вирусот побрзо и полесно се шири и може побрзо да патува, изјави Гебрејесус и додава:

-Истовремено поседуваме технологија и знаење да ја сопреме пандемијата, е ставот на првиот човек на СЗО.

Треба да знаете
Последни објави