Ахмети на 2-ри септември ќе сведочи пред Специјалниот суд во Косово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што дознава ТВ21, се очекува да го даде своето сведоштво за 10 дена пред меѓународните обвинители на Специјалниот суд, за воените злосторства во Косово.

Извори од кабинетот на Ахмети објаснуваат за ТВ21 дека лидерот на ДУИ се очекува да замине во Приштина за да сведочи за неговата улога во ОВК.

Како што дознава ТВ21, на 2 септември е предвидено Али Ахмети да отиде во Приштина за да сведочи, а меѓународните обвинители побараа да му бидат дадени два дена да сведочи.

Треба да знаете
Последни објави