Виси изборот на нова влада: Пратеникот Бесими не смее да го бира неговиот брат Бесими за министер

Пратеникот на ДУИ, Фљорин Бесими, не смее да гласа за изборот на новата Влада, бидејќи неговиот брат, Фатмир Бесими, е кандидат за министер за финансии, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за АлсатМ.

-Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Прво, тука го гледам судирот на интерес и тој (Флорин Бесими) треба да се изземе од постапката за избор на влада и од гласањето за членови на влада, каде неговиот брат (Фатмир Бесими) е кандидат – изјави Ивановска за Алсат М.

Пратеничкиот глас на Фљорин Бесими е четврт глас од ДУИ кој виси за изборот на новиот владин состав. Изминативе денови, во повеќе медиуми се пишуваше за несогласувањата во редовите на ДУИ во однос на дел од кадровските решенија што лидерот Али Ахмети ги предлага за новата Влада. Револтот се однесува најмногу на кандидирањето на Артан Груби за вицепремиер и Бујар Османи за министер за надворешни работи.

Несогласувањата се најизразени кај партиските ограноци на ДУИ во Чаир и во Сарај. Со тоа во прашање се гласовите за поддршка на новата Влада на Изет Меџити и уште една пратеничка од Чаир, како и гласот на Арбен Зибери од огранокот во Сарај.

Треба да знаете
Последни објави