Во Србија изминативе 24 часа од коронавирусот се заразиле 170 лица, а починаа тројца пациенти.
Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 30.548, од тестирани 862.729.
Во послените 24 часа тестирани се 8.670 лица, од нив 170 позитивни.
Вкупно од Ковид-19 во Србија починаа 695 луѓе, а процентот на смртност изнесува 2.28.
Во болница се 1.116 пациенти, а на респиратори се 46 луѓе.