Над 10.000 оздравени од Ковид -19 во земјава

Oд почетокот на епидемијата предизвикана од новиот коронавирус, ковид-19, во земјава бројот на инфицирани достигна на 13 458 лица. Според последните податоци на Министерството за здравство, 75 лица се евидентирани како оздравени во последните 24 часа. Со нив, бројот на оздравени пациенти од ковид надмина 10 илјади, односно точно има 10 052 оздравени. Бројот на починати пак достигна до 563 лица. Во моментов активни се 2 843 случаи на ковид.

-10.052 пациенти оздравеа од ковид-19! Тоа се наши деца, родители, пријатели, баби и дедовци. Тоа се личности кои се вратија на секојдневните животни активности. Изминативе неколку недели бележиме зголемување на бројката на оздравени лица од коронавирус, а се намалува и бројот на активни. Само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца, и редовно да ги миеме рацете. Нема ништо поважно од здравјето и човечкиот живот, напиша на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.

Треба да знаете
Последни објави