Околу 40.000 пензионери од Еуростандард банка нема да земат пензија идната недела

Околу 40.000 пензионери нема да земат пензија идната недела, објави Сител.

Според извори на Сител од Фондот за пензиско, само 10.000 пенизонери заклучно со вчера кога истече рокот, отвориле сметка во друга банка откако Еуростандард пропадна.

Турканици пред банките имаше цела недела, но заради здравствените протоколи отворањето нова сметка за најстарите лица оди многу бавно. За оние кои не успеаа да отворат сметка во друга банка пензија ќе има тогаш кога ќе го сторат тоа. За нив исплатата на пензијата ќе трае и до 25 сепетември што значи дека може и цел месец да останат без пари.

За оние граѓани пак кои веќе имаат нова сметка и картичка, пензија ќе има в среда на 26 август. Пензионерите кои имаат сметка, а не користат картичка ќе можат да ги извадат парите од банка во период од 26 до 1 септември во зависност од висината на пензијата.

Еуростандард банка имаше околу 100.000 клиенти – половината од нив пензионери, останатите вработени или приматели на социјална помош. 34.000 од пензионерите пак, пензијата ја добиваат на врата преку Македонска пошта.

Треба да знаете
Последни објави