Почина најстариот човек на светот: До пред две недели сечел дрва, пушел цел живот

Човекот за кој се верува дека е најстар на светот, почина на 116-годишна возраст, пренесува БиБиСи. Документите на Фреди Блом докажуваат дека тој е роден во Јужна Африка уште во 1904 година, но неговото име никогаш не се најде во Гинисовата книга на рекорди.

Како тинејџер, во 1918 година го загубил целото семејство за време на пандемијата на шпанскиот грип и преживеал две светски војни и апартхејдот во Јужна Африка.

Во интервјуто за БиБиСи пред две години, тој рече дека тој навистина нема посебна тајна за неговата долговечност.

– Има само една тајна – онаа над тебе (Бог). Тој ја има целата моќ, јас немам ништо – рече тој.

Интересно е што Фреди се пензионираше дури на 80-годишна возраст, а не дека работел лесни работи. Најпрво работел на фарма, а подоцна бил градежник Исто така е интересен факт што пушел во поголемиот дел од животот, а се откажа од алкохолот пред многу години.

За време на пандемијата на коронавирус неговиот најголем проблем бил што не можел да оди во продавница и да купи цигари.

Семејството на г-дин Блом изјави дека тој починал од природна смрт во Кејп Таун и дека неговата смрт нема никаква врска со Ковид-19.

– Пред две недели тој сечеше дрва. Знаете, тој беше силен човек, горд!

Треба да знаете
Последни објави