Сити дава повеќе пари од Барса за Лаутаро Мартинез

Манчестер сити може да се здобијат со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, пренесува „The Sun”.

Главниот тренер на граѓаните, Јосеп Гвардиола, го гледа 22-годишниот Аргентинец како замена на Серхио Агуеро.

Барселона е исто така заинтересирана за фудбалерот, но Манчестер сити е подготвен да даде поголема понуда и да плати 84 милиони фунти за играчот.

Во сезоната 2019/20, Лаутаро Мартинез одигра 49 натпревари, постигна 21 гол и направи седум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави