Детето кое плачеше за украдените капини ќе добие книги за училиште

Фотографијата на расплаканото дете од БиХ на кое му ги украле капините кои ги набрал во шумата за да ги продаде за да си купи книги за на училиште предизвика голем интерес во целиот регион, па откако Селмир Шљивиќ ја објави на Фејсбук и му помогнал на расплаканиот Зухдија Алиќ, помош доаѓа од сите страни.

Мајката на детето му изразила голема благодарност на Шљивиќ и на сите кои како што вели, се потрудиле за нејзиното дете. Таа раскажала дека откако се слушнало за случајот, постојано и се јавуваат луѓе кои и нудат помош.

-Постојано се јавуваат луѓе, некои доаѓаат и дома и прашуваат што ни треба, вели Сенада, мајката на Зухдија.

Приказната што му се случило ја раскажа и Зухдија.

– Јас – продавав капини и наиде комби во кое беа двајца мажи. Застанаа и ме прашаа колку чинат капините, на што им одговорив дека чинат 10 марки. Побараа од мене капините да им ги ставам во кеса и тоа го направив. Потоа тие само си отидоа. Јас почнав да плачам, а после 10 минути се појави човек кој ми помогна,  раскажа за „Аваз“ Зухдија Алиќ.

Семејството Алиќ вели дека на Зухдија му се јавила и една наставничка од училиштето и рекла дека сака да помогне.

Треба да знаете
Последни објави