Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус изјави денеска дека се надева оти битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот ќе заврши за две години.
-Пандемијата на шпанскиот грип во 1918 траела две години. Сегашната ситуација е поинаква. Со развојот на технологијата и поголемата поврзаност меѓу луѓето вирусот побрзо и полесно се шири и може побрзо да патува, изјави Гебрејесус и додава:
-Истовремено поседуваме технологија и знаење да ја сопреме пандемијата, е ставот на првиот човек на СЗО.