Штипјанец фрлил пакет од возило, полицијата во него пронашла дрога

Изутринава во 03.00 часот на улицата „Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.И.(27) од Штип, поради тоа што забележале дека фрлил сомнителен пакет од патничкото возило кое го управувал.

Во пакетот, кој го пронашле полициските службеници, имало марихуана и бела грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави