Баерн и ПСЖ непрецизни во првото полувреме на финалето од ЛШ

Мируваат мрежите во големото финале меѓу ПСЖ и Баерн Минхен вечерва во Лисабон.

ПСЖ изненади со подобра игра на почетокот од натпреварот, со одличен пресинг контролирајќи ја средината од теренот. Обидот на Мбапе беше блокиран од дефанзивците на Баерн, а потоа првата стопроцентна шанса ја имаше Нејмар, кој се најде очи в очи со Нојер, но германскиот голман успеа да го запре неговиот обид.

За одбележување е и повредата на Боатенг поради која Флик мораше да направи измена уште во првото полувреме, внесувајќи го Зуле на негово место.

Треба да знаете
Последни објави