(Видео) Полицијата во Перу упадна во дискотека, во стампедото загинаа 13 лица

Најмалку 13 лица загинаа во обид да побегнат од ноќен клуб во кој упаднала полицијата зошто бил отворен и покрај рестрикции воведени во борба против коронавирусот, објавија властите.

Најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и тројца полицајци, откако околу 120 луѓе во саботата навечер се обиделе да побегнат од клубот Томас Рестобар кога полицијата дошла да ја растера забавата, соопштија владините функционери и полицијата.

Соседите во полиција го пријавиле настанаот во клубот во квартот Лос Оливос во перуанската престолнина.

Во соопштението на министерството за внатрешни работи на Перу се наведува дека луѓето се обиделе да побегнат низ единствената влезна врата и останале зарбени меѓу таа врата и скалите кои водат кон улицата. Полицијата притвори најмалку 23 лица.

https://youtu.be/Xk7CMxKvsa0

Перу во саботата забележа вкупно 585.236 случаи на коронавирус, што е двојно повеќе од 2 јули. Бројот на починати порасна на 27.453.

Треба да знаете
Последни објави