Македонија со Заев добива влада со стари и истрошени кадри со кои ќе продолжат економските неуспеси. Истите тие ликови ветуваа, а не исполнија ништо и од програмата од минатите избори. Нема 500 евра просечна плата, нема 600 километри автопат, нема нов клинички центар, нема студенстки градови во Скопје, Штип, Тетово и Битола, нема странски инвестиции, ниту Гугл, ниту Фејсбук, ниту Фолксваген, ама создадоа нов долг од 1 милијарда евра за само три месеци со што го задолжија секое просечно семејство за нови 2.000 евра. Патем потрошија најголеми буџети во историјата на Македонија, а растот на економијата беше најнизок во регионот и Европа.
Оваа старо нова тендерашка влада на Заев ја направи Македонија најкорумпирана држава во Европа според Транспаренси Интернешнл во која 500 илјади луѓе живеат во сиромаштија, а околу 80% од младите сакаат да си заминат во странство.
Со Заев и ваквите истрошени кадри нема економска и европска перспектива. Напротив со нив секојдневие е рекетот, криминалот и корупцијата. Луј Витон торбите полни со милиони евра се нивниот приоритет. Тоа е она кое што може еден аболициран криминалец како Заев да го понуди на Македонија.