Во Србија во последните 24 часа од последиците на коронавирусот починале три лица а регистрирани се уште 109 нови случаи на заразени со вирусот.
Според последните податоци на Министерството за здравство, на респиратори во болниците ширум Србија се наоѓаат уште 46 пациенти.
Во последните 24 часа на коронавирус во таа земја биле тестирани 6.939 лица.
Вкупно во Србија се направени 869.668 тестови.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 изнесува 698 лица.