Во Хрватска 275 нови случаи на коронавирус

Во Хрватска денес се забележани 275 нови случаи на коронавирус, што е пад во однос на вечера кога биле регистрирани 306 нови случаи, соопшти Националниот штаб. Во изминатите 24 часа се тестирани 1.718 лица.

Бројот на моментално заболени активни случаи е 2.203, а меѓу нив има 155 пациенти на болничко лекување, од тоа на респиратори се 12 пациенти.

Од 25 февруари кога е забележан првиот случај на заразата во Хрватска, до денес вкупно се регистрирани 8.175 лица заразени со новиот корнавирус.вСе излекувале 5.801 лице, а досега починале 171 лице. До денес во Хрватска се вкупно тестирани 150.460 лица.

Треба да знаете
Последни објави