Два града од Македонија во моментов немаат ниту еден заразен со коронавирус

Крушево и Валандово се единствените градови во земјава во кои во моментов нема ниту еден заразен со коронавирус.

Според податоците на Министерството за здравство, само еден заразен има во Ресен, а двајца активно заразени лица се регистрирани во Кратово.

Останатите градови се со двоцифрени и троцифрени бројки на активни случаи.

Најмногу заразени во моментов има во Скопје(861), Кумановово(336) и Гостивар(315). Зад нив е Штип со 258 активно заразени лица, Тетово со 169, Струга 141 и Кичево со 106 активно заразени лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.595, бројката на оздравени пациенти е 10.110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.921. Досега во Македонија се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид -19.

Денеска беа регистрирани 137 нови случаи, оздравеле 58 пациенти, а почина едно лице.

Треба да знаете
Последни објави