Оливеира до триумф на последната кривина на трката за ГН на Штаeрска

Возачот на „КТМ Тех3“, Мигел Оливеира триумфираше на Големата награда на Штаерска, петта трка од Мото ГП шампионатот и испиша историја. Тој стана првиот Португалец кој славеше во најсилната категорија, а воедно на својот тим му го донесе првиот триумф.

До победата дојде откако во последната кривина ги престигна Џек Милер на „Дукати“ и возачот на „КТМ рејсинг“, Пол Еспаргаро кој ја имаше пол-позицијата.

Португалецот за три десетинки беше побрз од Милер, а на третата позиција заврши Еспаргаро.

После возбудливиот финиш, трката на „Ред Бул ринг“ ја обележа и инцидентот кој донесе и прекин на трката. Попуштија сопирачките на моторот на Маверик Вињалес при брзина од 220 километри на час. Неговата „Јамаха“ удри во ѕид и се запали, а Шпанецот остана неповреден.

Квартараро кој трката ја завршу дури на 13 позиција и натаму води во генералниот пласман со 70 бодови, сега само три повеќе од второпласираниот Довициозо, а трет е Милер со 56. Оливеира со оваа победа моментно е на деветтата позиција со 43 бодови.

Треба да знаете
Последни објави