Пазараниот инспекторат ќе го казни организаторот на концертот на Петар Грашо во Битола

Повеќе од 2,000 билети биле продадени за концертот на Петар Грашо на Хераклеа во Битола, иако дозволено било присуство само на 600 посетители, поради што Државниот пазарен инспекторат ќе го казни организаторот, објави ТВ24.

-Првичниот записник е направен во 21.30, кога се беше во ред, влез, сместување на посетителите, се беше во ред, пазарните инспектори си заминаа, не можеме ние да седиме цел концерт. подоцна добивме најава дека преминало во журка, па е составен нов записник и ќе следи соодветен поднесок, вели Лилјана  Талевска, раководител за инспекциски надзор Битола.

Од Прагма продукција, кој го организираше концертот на Петар Грашо тврдат дека протоколите не се прекршени за што имаат записник од ДПИ.

Новинарот Филип Етмишовски вели дека ги следи сите концерти, кој се организраат во време на пандемија под посебни мерки за заштита, но концерот на Петар Грашо дефинитивно ги прекршил сите протоколи.

„Беше најавено дека билетите се продаваат само преку интернет, за да се избегнат контакти на билетара, но истиот ден беше  објавено дека ке се продаваат на карти и на билетара , но во ограничен број.Но испадна дека според мој проценки и извори од вработените во билетарата  дека биле продадени над 2-3000 билети за целиот концерт, а според протоколот било дозволено само 600 билети, вели Етмишовски.

Министерот за здравство Венко Филипче преку фејсбук статус побара надлежните инспекции да го казнат организаторот на концертот на хрватската ѕвезда Петар Грашо на античкиот локалитет Хераклеја во Битола.

Треба да знаете
Последни објави