Шпанскиот великан Барселона вечерва објави дека нивниот нов играч Мирален Пјаниќ е заразен со коронавирусот и оти во наредниот период ќе мора да биде во карантин додека не ја надмине оваа здравствена ситуација.
По ова се огласи и самиот Пјаниќ преку социјалните мрежи притоа јасно порачувајќи дека за среќа е асимптоматичен, но и дека вирусот е опасен, односно не смее да се потценува ситуацијата.
-Сакам да ги уверем сите кои се грижат за мене дека сум добро, за среќа сум асимптоматичен. Она што го научиве деновиве е дека ништо не треба да се земе здраво за готово. Ние сме мирни и ги почитуваме правилата. Се гледаме наскоро, -порача репрезнетативецот на Босна и Херцеговина.
https://www.instagram.com/p/CEPlgfuq65N/