Екипата на Warped Perception преку две видеа покажува како изгледа кога со автомобил ќе “погодиме” дупка, како се однесува автомобилот и каква штета може да настане, пренесе „24Ауто.мк“.
За жал патната инфраструктура во Македонија е една од најлошите во Европа. Тоа можеме да го видиме и по бројните дупки на улиците. Токму овие дупки причинуваат најголеми главоболки и побрза амортизација на гумите, зглобовите и амортизерите. Некој ќе каже дека за тоа се произведени автомобилите и тие се имуни на дупки, но воопшто не е така.