23-годишно момче повредено во сообраќајка во Скопје

Вчера околу 17.20 часот на ул.„Цветан Димов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Е.С.(42) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Б.М.(23) од Скопје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави