Милер го достигна Крос по бројот на финалиња во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер се најде во почетниот состав за вечерашното финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен.

Ова е четврто финале за Милер во Лигата на шампионите. Така, 30-годишниот напаѓач, кој претходно играше во финалињата во сезоните 2009/10, 2011/12 и 2012/13, во оваа статистичка категорија го изедначи најдобриот резултат на еден германски фудбалер.

Во историјата на Лигата на шампионите, од германските играчи, само Тони Крос од Реал Мадрид има четири учества во меч за трофејот во елитната лига.

Треба да знаете
Последни објави